0

Проект „Снимам наука“ УВ зрачење – сè што е потребно да знаете за да се заштитите

УВ зрачење – сè што е потребно да знаете за да се заштитите

Летното сонце може да биде голем проблем ако не знаеме колкава штета може да нанесат УВ зраците. Добивањето на темен тен е целта на многумина, но безбедното потемнување без изгореници, пеги, брчки, прерано стареење на кожата или останати кожни заболувања треба да ни биде на прво место. Ако сакаме да се сончаме на здрав начин, најпрво треба да дознаеме што е можно повеќе за УВ зрачењето и видот на УВ зраци.

УВ зрачење

УВ (УлтраВиолетовите) зраците се невидливи за човековото око. За разлика од видливата сончева светлина која можеме да ја видиме и сончевата топлина која можеме да ја почувствуваме, УВ зраците не можат да се видат. Ваквите зраци може да прават оштетувања на кожата без ние да сме свесни за тоа. Постојат неколку вида на УВ зраци и тоа: УВА, УВБ и УВЦ зраци. Ултравиолетовото зрачење може да биде причина за многу кожни заболувања вклучувајќи го и ракот на кожата. Тоа може да ја оштети клеточната ДНК на кожата, што придонесува за појавата на рак на кожата.

УВ зрачењето може да се измери преку индекс на УВ зрачење кој ја мери јачината на УВ зраците во вашата област на живеење преку едноставна скала од 1 до 11+. Ако индексот е помал од 3, тогаш не е потребна посебна заштита од сончевите зраци, освен ако сте во близина на површини кои ја рефлектираат светлината (како на пример снег). Ако индексот е 3 или над 3 тогаш изложеноста на сонце може да биде штетна за кожата и потребна е соодветна заштита од сонце.

УВ зраците се најсилни помеѓу 10 и 16 часот во текот на денот, и во пролет и лето во текот на годината. Луѓето што живеат во земјите каде што грее сонце во текот на целата година се соочуваат со поголем ризик од кожни заболувања како резултат на зголеменото УВ зрачење. Како што се оддалечуваме од екваторот така силината на УВ зраците се намалува. УВ зрачењето е поголемо на повисоките места. Облаците не можат целосно да ги блокираат УВ зраците и да го спречат штетното зрачење. Сепак, некои видови на облаци блокираат дел од УВ зраците и го намалуваат зрачењето, а постојат и такви кои ги рефлектираат зраците и го зголемуваат штетното УВ зрачење. Површините како снегот, песокот, водата и тревата исто така ги рефлектираат УВ зраците и придонесуваат за зголемено УВ зрачење.

Слика
0

Проект „Снимам наука“ -„Ова е мал чекор за човекот , но голем за човештвото“

Човекот кој кога зачекори на Месечината ја изговори славната реченица „Ова е мал чекор за човекот , но голем за човештвото“ Аполо 11 е мисија од програмата Аполо и прво човечко слетување на Месечината. Вселенското летало Аполо 11 било лансирано на 16 јули, 1969 година, од космодоромот Кејп Кенеди во САД. Екипажот на вселенското летало бил составен од Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Едвин Олдрин. На 20 јули, Нил Армстронг и Едвин Олдрин се спуштиле на лунарната површината и ги направиле првите чекори на Месечината во историјата на човештвото. Мајкл Колинс за тоа време орбитирал околу Месечината. Мисијата Аполо 11 се спушти на површината на сателитот на Земјата на 20 јули во 1969 година, а шест часа по слетувањето Нил Армстронг стана првиот човек кој зачекорил на Месечината. Армстронг нешто повеќе од два часа минал на површината на Месечината, надвор од леталото Аполо 11 со кое управувал Мајкл Колинс. Колегата на Нил, Баз Олдрин кој бил на истата мисија се шетал на Месечината пократко од Нил. Двајцата астронаути собрале скоро 25 килограми материјал под тлото на Месечината и се вратиле на Земјата.